“Book Descriptions: Декември, 2019 година. Полицискиот инспектор Виктор Николов по годишниот одмор се враќа на работа на Одделот за крвни деликти. Зимата на голема врата чука на портите на главниот град, кој полека се подготвува за претстојната празнична сезона.
Едно понеделничко утро, во Скопје е пронајдена убиена жртва во подрумот под градскиот трговски центар. Навидум обичното убиство со лихварска заднина бргу се покажува како покомплицирано, кога следната недела е пронајдена нова жртва, убиена под слични околности, без каква било поврзаност со претходниот случај. Одеднаш, Виктор со колегите од Одделот е соочен со свиреп сериски убиец, кој од страна на новинарската фела го добива прекарот Одмаздникот и кој зад себе не остава траги, освен мистериозната порака најдена на местата каде што напаѓа.
Како што одминуваат деновите и годината полека кулминира со новогодишната ноќ така растат и професионалниот и личниот влог за главниот инспектор, кој, освен што е принуден да ја следи трагата на убиецот низ разни делови од земјата, соочен е и со можноста конечно да се смири со поранешната сопруга…” DRIVE