“Book Descriptions: ВО СЕГАШНОСТА… Софија има прекрасни родители кои ѝ пружиле сѐ што можеле и секогаш се грижеле да има убаво детство, среќен живот и родителска љубов. Тие исто така уште од рана возраст биле искрени со неа и таа знае дека била посвоена како бебе. Но тоа никогаш не можело целосно да ја пополни празнината во неа и да го изгасне копнежот да ја открие вистината за своето потекло, да дознае кои се нејзините биолошки родители и зошто се откажале од неа. Но се плаши дека таа вистина е премногу длабоко закопана и дека можеби никогаш нема да ја открие…
ВО МИНАТОТО… Пред повеќе од дваесет и пет години, Наташа и Александар се запознаваат во Охрид и помеѓу нив веднаш се раѓаат силни симпатии, а набрзо и уште посилни емоции. Но Александар има тежок живот, особено по смртта на неговиот татко; сега тој е мажот во куќата и мора да се грижи за неговата мајка и неговата помала сестра. Иако навистина ја сака Наташа, кога во неговото семејство продолжуваат да се нижат трагедии, тој не може да си дозволи да ја стави нивната љубов на прво место.” DRIVE