“Book Descriptions: „Заследи ме“ е драма со премиси на психолошки трилер, чие дејство е сместено во Скопје и „...си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина, главниот лик, позната инфлуенсерка, ќе се најде во ситуација во која ќе мора да ги преиспита своите вредности и вредностите што ги пропагира на нејзиниот Инстаграм профил. Низ процесот, таа освестува елементи на „сајбер булинг“, на врсничко насилство, па и на лицемерие, што една ваква активност ги поттикнува. Со тоа, Коцевски суптилно зборува за одговорноста на инфлуенсерот, но и за тоа колку за инфлуенсерството може да се зборува како за вистинска професија.“