“Book Descriptions: Марина и нејзиното момче Филип одлучуваат својот одмор ова лето да го поминат на прекрасниот грчки остров Крит на гости кај блиски роднини на Марина. Елена, вујната на Марина треба да ги пречека на автобуската станица во Хања.
Прекрасната идила која ги очекува на островот е прекината поради ситна караница предизвикана од Филип, кој во момент на фрустрација ја остава својата девојка сама.
Сфаќајки во меѓувреме дека направил голема грешка тој се враќа назад на станицата каде од Марина нема ни трага ни глас. Уште полошо, договорениот термин поминува, а вујната на Марина не се појавува да ги земе.
Во тој момент Филип започнува мртва трка со времето во обид да разбере што се случило со Марина, а денот којшто допрва следува се претвора во вистински пекол кој засекогаш го менува.” DRIVE