“Book Descriptions: Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сѐ ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател. Движејќи се меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер, Жарко Кујунџиски (Spectator, Америка) создава интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој пристапува во досега неистражени предели на нашата проза.
-Бидејќи не постои друг примерок, го нема крајниот збор на авторот, книгата е безвредна речиси исто толку колу што и бесценета. -Од каде го знаете вие сето ова? -Бидејќи знам латински. -Само ѓаволот денес знае латински. -Ете, пак ти се потврдува тезата. -Која е таа теза? -Дека сум дојдена да ти ја барам душата. -Во замена за? -За тоа што ти сакаш. Претпоставувам, тоа е она што треба да ти ја врати кариерата назад, а можеби и дел од животот. Или обратно беше?- девојката направи пауза, па кажа: - Најдобриот ракопис што кога било си го држел в раце.” DRIVE