“Book Descriptions: Некои чувства се толку силни што никогаш не престануваат, ниту по смртта…
Ирена, навидум обична млада девојка која живее во сопствен стан и ужива во својата работа во една позната маркетинг агенција, длабоко во себе крие застрашувачка тајна која сама по себе има и повеќе од доволно потенцијал за сè околу неа да го претвори во руини. И она што е најчудно од сè, е тоа што постојано во својата чанта, каде и да оди, како некој аксесоар, носи крвав месарски сатар.
Со чија крв е натопено сечилото кое сè уште не ја извршило својата целна намена?
Кога сопственикот на агенцијата ќе се соочи со посериозни здравствени проблеми, ја замолува Ирена привремено да застане на кормилото на компанијата со што само го навлекува бесот на неговата крајно посесивна мајка и својот исфрустриран син кои сметаат дека неговата избраничка не е достојна за позицијата и ќе ги однесе во сигурна пропаст. Но, она што никој од нив не го ни претпоставува е дека ќе се случи нешто далеку, далеку пострашно.
Проверете каква зашеметувачка изопаченост се крие зад овој скокотлив наслов...” DRIVE