“Book Descriptions: Секој човек има некоја лузна на себе. Понекогаш помала, понекогаш поголема, но секогаш тоа е лузна што останала во душата. Голема дури како цела бразда. Лузна која животот му ја нанел некому, а судбината му ја наменила. Морал да ја изживее и да се издигне над неа, за да продолжи понатаму. А тие луѓе сите ние ги гледаме и среќаваме секојдневно, но не ги забележуваме. Погледнуваме во нивните очи, а не ја гледаме нивната болка, не забележуваме што е тоа што ја избраздило нивната душа. Немаме ниту време, ниту желба да се запрашаме што се крие зад нивните очи, често полни со тага, со кои нѐ погледнуваат. Едноставно ги одминуваме, не забележувајќи колку нашиот поглед, еден миг што ќе го одвоиме за нив, им е потребен.
Токму таквите луѓе со лузни на душата се инспирација за оваа книга, во која се сместени 15 вистински приказни. Тие се настанати во текот на долгогодишната работа на Наде Стојилковиќ како новинар, која како слушател и евидентичар ги бележела нивните судбини, среќавајќи се со тие луѓе и со нивните судбини во своето работно и животно искуство.” DRIVE