“Book Descriptions: ''Вистината не е доволна сама по себе; целосна e, само кога е споделена''.
Четири години по теророт на Одмаздникот низ скопските улици, животот на четириесетгодишниот инспектор Виктор Николов е пред своевиден крстопат. Фината семејна идила со неговата сопруга и ќерка е нарушена од финансиски проблеми со кои се соочува семејството по завршувањето на корона пандемијата.
При крајот на зимата 2024 година, скопскиот Оддел за крвни и сексуални деликти од гостиварската полиција превзема случај на убиство на однапред познат скопски сексуален престапник и повремен уживател на наркотични средства. Наркоманот е пронајден застрелан во неговата соба во еден хотел на Мавровско езеро. Единствена трага за полицијата е пронајдената чаура на местото на убиството.
На првиот ден од месец март, текот на истрагата и личните премрежја на полицискиот инспектор доаѓаат во непосреден меѓусебен судир, резултирајќи во една опасна и тензична вечер, пропратена со смртоносни последици.” DRIVE