“Book Descriptions: Кица Колбе раскажува модерна приказнa за млади филозофи на Универзитетот во Бон, збрани во докторансткиот колегиум околу својот харизматичен ментор, филозофот Симон фон Блументал, благородник и еден од последните претставници на образованото германско граѓанство. Витезот Даниел Клуге, младиот германски филозоф, е модерен просветител, кој верува во научниот прогрес. Тој сонува за иднината во едно усовршено човештво, затоа што верува дека злото е факт на генетиката. Наталија Поленак, Византијката, чии родители потекнуваат од поранешна Југославија, уште не стигнала во сегашноста, од чија грда слика на Балканот бега во идеализираното минато на Византија. Таа верува дека злото е етичка категорија, затоа што е избор. Нејзината траума се постјугословенските војни. Затоа избира да биде на страната на „благородните губитници“ – Византијците. Таа води полемичка војна против Витезот, во истиот миг додека копнее да биде прифатена токму од него. Еден од колегите и‘ го дава прекарот Византијката, за да ја опише нејзината гордост и луцидност.” DRIVE