“Book Descriptions: Што кога нема надеж за излез од проблемите? Дали самоубиството е решение?
Владимир Илијески е средовечен бизнисмен чија што некогашна успешна компанија за градежни материјали, сега е пред банкрот. За неговиот очај да биде поголем, добива само критики од сопругата Олга која е опседната со идејата да посвојат дете. И по неколку години, таа длабоко во себе смета дека тој е виновен за несреќата во која го загубила бебето. Оттогаш и покрај сите обиди, таа никако не успева повторно да забремени.
И токму кога мислат дека животот не може да им се претвори во поголем хаос...
Одеднаш, кога социјалната работничка што е посредник меѓу нив и сиропиталиштето, ќе ја пронајдат мртва, Олга и Владимир сфаќаат дека покрај што ќе останат без пари, можат да станат и главни осомничени за смртта на несреќната жена. Принудени од околностите, се враќаат на местото на злосторството, но крвта во вените уште толку им се заледува, кога притоа откриваат црна ќеса полна со коски.
Напната драмска мистерија која ви гарантира вистинско уживање до самиот крај...” DRIVE