“Book Descriptions: Што ако дознаеш дека целиот твој живот досега бил само една ГОЛЕМА лага?
Маја, млада девојка со уметничка душа живее растргната помеѓу темните сенки од рамнодушноста на својот татко Кристијан, се поголемите чудни илузии во нејзината глава наметнати од нејзината психички пореметена баба Зорица и спомените од својата прерано почината мајка. Не поминува ни ден, ниту пак ноќ, а таа да не си го поставува прашањето што толку одамна ја измачува, всушност откако знае за самата себе.
Зошто еден татко НЕ би ја сакал својата единствена ќерка?
Една од навидум неповрзаните илузии споменати од нејзината баба ќе ја натера да се впушти во жестока потрага по вистината проследена со исто толкав жесток страв од се она што би можела да го дознае. Но, кога ќе открие една навистина шокантна тајна, таа ќе сфати дека некои нејзини прашања е подобро засекогаш да останале неодговорени. Оваа динамична книга исполнета со неочекувани пресврти со гаранција ќе ве држи во неизвесност до последната страница, а крајот е таков што не би можел да го предвиди никој дури и во своите најморничави соништа.” DRIVE