“Book Descriptions: Темпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отварањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О'Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно... и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт - па макар и само привремено - е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О'Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето...” DRIVE