“Book Descriptions: Има ли нешто пострашно од помислата дека никогаш повеќе нема да го видиш својот син?
Каролина, 34-годишна графичка дизајнерка, се наоѓа во јазол помеѓу својот неодамнешен развод, битката да биде што подобра мајка за својот 5-годишен син Адам и зависноста од коцката. Се обидува да води нормален живот како самохрана мајка се додека не почнува да добива анонимни фотографии во своето поштенско сандаче и се додека еден коцкарски долг не ја принуди на драстичен чекор - да го исценира киднапирањето на сопствениот син, за да го заштити и да дојде до парите за да го исплати долгот.
Но, што се случува кога совршениот план ќе се претвори во совршен кошмар?
Работите излегуваат од контрола кога Адам навистина исчезнува, а таа и нејзинио поранешен сопруг Виктор ќе мораат да ги здружат силите за да го пронајдат својот син, не помислувајќи дека тоа ќе ги заплетка во мрежата на нечија одмазда. Оваа книга исполнета со многу пресврти апсолутно никого нема да остави рамнодушен и ќе ви докаже дека секој има свој џокер во покер, некој во партијата карти, а некој кога е потрено да ја истера правдата до самиот крај без разлика на последиците.” DRIVE