“Book Descriptions: Што ако во психата на некој психопат „живее” уште еден далеку поопасен психопат?
Антонија Терзиевска е жена во поодминати години за која дури и сопствениот живот е голема енигма. Таа верува дека искршеното огледало закачено на ѕидот во нејзината спална соба е волшебно, односно има способност тајно да разговара исклучиво и само со неа. Иако според древните верувања скршеното огледало носи несреќа седум години, Антонија никако не сака да го замени со ново. Од ден во ден сè повеќе се приврзува за огледалото кое полека се претвора во нејзин сочувствителен исповедник, верен соучесник, но и ладнокрвен манипулатор.
И што ако оној психопат кој веќе „се крие” во психата на психопатот не е единствен?
„Моето огледало завчера ми рече дека сум најубава на светот, а денес ми нареди да ги убијам сопругот и ќерката. И знам дека треба да го послушам. Морам да го сторам тоа! Единствениот проблем е што тие веќе се мртви...”
Подгответе се за возбудлива приказна со ликови кои засекогаш ќе ви ја полулаат психата.” DRIVE