Црно семе
(By Ташко Георгиевски) Read EbookSize | 21 MB (21,080 KB) |
---|---|
Format | |
Downloaded | 584 times |
Last checked | 8 Hour ago! |
Author | Ташко Георгиевски |
До кога, ќе мораме да го докажуваме нашето име, презиме и идентитет?
ДОСТА Е, ДОСТА... Но, и покрај тоа НИЕ ќе истраеме ние сме народ кој до последен здив на своето живо тело ќе се бориме, ние ќе успееме да го докажиме кога тогаш нашиот идентитет, но, сепак никогаш нема да дозволиме ТИЕ да си играат со мојот, твојот, неговиот, нивните, заедничките човечки идентитети.
„Црно семе“, роман во кој е прикажан прикриениот крик на човекот, устата се отвора ама збор не излегува, безгласен. Тој човек е лишен од својата земја, од својата култура, националност, ова е дело на поматен мозок, а како резултат на тоа цела една нација се преобразува во безлично суштество кое не е човечко кое во себе ’рти црно семе, семе на бездомност и безименост, кој не знае за ништо друго освен за свет на страдања и мрак, во туѓина.
Монструмозни и бескурполозни тортури, извршувани од страна на манијачки садисти (офицери, подофицери и војници) кон лицата кои не сакале да потпишат едно признание во кое се согласуваат дека се откажуваат од нациналниот идентитет, ги носат на пуст егејски остров или подобро да речам ПЕКОЛНО МАЧИЛИШТЕ за да ги преобратат во лојални поданици на кралот и Грција.
Кој ќе излезе победник, кој ќе стане предавник? Дали предавникот ќе сфати дека не ја предал само земјата, туку и самиот себе си? Дали предавството е исто како и насилството? Кој ќе оди потоа со крената глава, кој со спуштена, секако доколку живи останат....
„Црно семе“ заслужува дел од Вашето време и пред се од Вашето внимание.”